ЛЕБ ЗА ТРЕТИОТ МИЛЕНИУМ

ЛЕБ 

ЛЕБ БЕЗ БРАШНО, ОД  ИЗ’РТЕНО ПЧЕНИЧНО ЗРНО

Ние сме горди на ексклузивниот договор за  концесија кој го потпишавме со рускиот академик Антонов ,врз основа на кој на секој наш  производ и рекламен материјал ќе се најде  текстот:

Произведено по лиценца од ООО “AcademProduct”, Русија, www.tonushleb.ru, автор академик В.Антонов

И технологијата и специјалната опрема за производство на “ТОНУС” се патентирани.

Леб без брашно “тонус” е високо рангиран  производ за здрава исхрана. (Леб од цело зрно на пченица произведен директно од из‘ртено зрно пченица).

Историја

Во 1987 година е развиена уникатна технологија на производство на пченичен леб кој  има лековити својства и е произведен директно од жито (донесен во фаза на ‘ртење), без употреба на брашно во процесот. Исто така, во истата година формирана е и првата експериментална опрема за производство на таквиот леб.

Во 1990 година создадени се  и индустриските  машини и опрема за производство на пченичен леб од цело зрно и истиот е регистриран како трговска марка под името “Тонус”. Потоа почна масовното производство на “Тонус” леб низ Русија.

Денес “Тонус” се произведува во повеќе од 30 градови во Русија и во странство, вклучувајќи и пет европски земји, меѓу кои и нашата земја Македонија.

Носителот на лиценцата Akadem Produkt  за Македонија е фирмата ЖИТО ЦЕНТАР од Скопје, која е фабрика за леб и бели печива и која го произведува “Тонус” лебот.

Вовед

Секаде во светот  за луѓето здравјето е најголемото богатство, кое првенствено зависи од исхраната.

Производот со следниве карактеристики, ќе биде идеален (од гледна точка на здравата исхрана):

  •  Го снабдува телото со сите потребни хранливи и биолошки вредни супстанции, кои ги содржи во лесно прифатлив облик за организмот.
  • Тој е еколошки чист  производ кој не содржи конзерванси, ниту акумулирани супстанции непожелни за организмот.

Производ

Пред 20 години лебот “Тонус” за прв пат е произведен во Русија. Тој е леб без брашно, направен директно од интегралното зрно на пченицата, доведено во  состојбата на ‘ртење. Главната цел на производство на овој леб е максимално искористување на сите хранливи состојки од зрното на пченицата.

Патентираната технологија за производство на леб без брашно “Тонус”  овозможува да се сочуваат сите корисни делови на зрното ,вклучувајќи ѓи и никулците, алеуронскиот слој и повеќеслојните лушпи.

Ендоспермот , централниот дел на зрното, што чини 78-81% од тежината на зрното се состои главно од скроб.

Микроб, втората компонента на пченичното зрно,граничи со ендоспермот и се појавува за време на `ртењето.Чини 2-3,5% од тежината на зрното и богат е со

протеини,витамини и минерали.

Алеуронскиот слој е третата компонента,прави 14-16% од тежината на зрното

И богато е со протеини,витамини од групата Б,минерали и растителни влакна.

Повеќеслојната обвивка или триците кои во вообичаеното производство на брашно во млиновите се двои во сточно брашно и се дава на стоката, прави

4-6% од тежината на зрното и е богато со диетални влакна и минерали.

 

Во согласност со “know-how –от печењето на овој леб:зрното пченица прво се чисти детално со плакнење со големо количество вода и се потопува во вода и

Се остава да стои 15-20h.После ова зрното преминува во фаза на `ртење и како такво се меле а добиената маса од тесто со метод на традиционалната технологија се доведува во финален производ –лебот  “Tонус“

Овој леб содржи многу хранливи влакна. Со користење на 250g  леб “Тонус“ дневно во организмот се внесуваат 40-45g влакна.Потребна дневна количина е 50g влакна.

Врз основа на научни податоци содржината на хранливите влакна во лебот “ТОНУС” е 22%, од кои 13% растворливи влакна и 9% нерастворливи и тоа е 20 пати повеќе во однос на содржината на хранливите влакна во стандардниот леб  произведено од пченично брашно.

 

Компарација

 

Неодамна, на пазарот се појавија многу видови на леб од “житарици”, кои во основа имаат брашно и како адитиви  различни видови или комбинација на житарици: скршени, сплоснати и така натаму. Сите овие видови леб се различни од “ТОНУС” лебот првенствено поради тоа што содржат брашно кое има ниска биолошка вредност, како и по зрното од кое се добива брашното, бидејќи тоа не е доведено во состојба на ртење ниту е сомелено, со цел на прием на лесно асимилирачки елементи и квалитетни хранливи влакна.

Интегралното зрно, кое сеуште не е изртено, организмот практично не може да го прими!

Награди

“ТОНУС” ја доби престижната награда на меѓународно ниво за висок квалитет на потрошувачки леб и  за лековитите својства  што ги  има.

“TОНУС”

  • 10-15 февруари 1999 година, ја доби највисоката награда на меѓународната изложба ИНТЕР-ЕКО во Софија, Бугарија
  • 3-8 мај 1999 година, доби златен медал на Светскиот саем во Пловдив, Република Бугарија
  • 29 септември – 5 Октомври 2000 година во Минхен, Германија, на Меѓународниот саем на пекарство ИБА е признат како уникатен производ во светот, кој нема еднакви ниту слични
  • 5 до 9 февруари, 2001 година доби златен медал на меѓународниот саем “Prodekspo- 2001”, “прехранбени производи од Русија- 2001” во Москва.
  • 13-16 јуни 2001 година доби златен медал на Меѓународната изложба Руска храна
  • 2002 година го освои златниот медал на меѓународниот натпревар за заштита на животната средина и безбедноста на производите
  • 23-26 Мај 2004 година во Велика Британија беше признат дека производот е од глобално значење  на “12 Меѓународен конгрес за пченица и леб “
  • 10-14 април 2007 година, го освои златниот медал и првото место на натпреварот во Москва, Русија за најдобра храна во исхраната на деца над 3 години
  • 22-27 април 2007 година, исто така, во Москва, Русија, е признаен како најкорисен
  • “ТОНУС” лебот е прогласен за еден од “100 најдобри производи на Русија”
  • “ТОНУС” лебот е впишан во “Книгата на планетарните рекорди”

Асортиман

Во моментов на пазарот постојат три видови на “ТОНУС” леб направен од интегрални зрна на пченица во фаза на `ртење. Можете лесно да ги препознаете во нивното  уникатно пакување.

Леб без брашно “ТОНУС”, природен -натурал нето тежина од 450 грама, спакуван производ со рок на траење од 4 дена Состојки: изртено пченично зрно, квасец, сол,маслиново масло

Сите производи се сертифицирани, имаат бар код

Леб без брашно “ТОНУС”, nigella sativa нето тежина од 450 грама, спакуван производ со рок на траење од 4 дена Состојки: изртено пченично зрно, квасец, сол,маслиново масло,црно семе(nigella sativa)

Леб без брашно “ТОНУС”, обогатен со семки со нето маса од 450 грама, спакуван производ со рок на траење од 4 дена Состојки: изртено пченично зрно, квасец, сол, лен, семки од тиква, сончоглед, сусам

Планирани се:

  • Леб без брашно “ТОНУС“, ‘ржен

Состојки: изртено пченично и `ржено зрно, квасец, сол

  • Леб без брашно “ТОНУС” со брусница
  • Леб без брашно “ТОНУС” со суво грозје

Состојки: изртено пченично зрно, квасец, сол, меласа, суво грозје

  • Леб без брашно “ТОНУС“, фитнес; Со суво овошје

Состојки: изртено пченично зрно, квасец, сол, меласа, суво грозје, суви кајсии, кандирано овошје

Заклучок

 

На крајот, потребно е да се истакне дека секојдневното користење на  лебот “ТОНУС” гарантира:

“ТОНУС” лебот е незаменлив производ во секојдневната исхрана и извонредна како лек за одржување на здравјето и превенцијата..